Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со рускиот тим Автодор Саратов. Екипата на Автодор Саратов е редовен учесник во ВТБ лигата, а учествува и во Лигата на шампионите на ФИБА.
Рајковиќ во изминатите три сезони го предводеше казахстанкиот тим Астана каде забележа значителни резултати. Емил Рајковиќ освен Астана работеше и во екипите на Фени индустри, Работнички, МЗТ Скопје, Сласк Вроцлав и Стал.