петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“: Младинките на Македонија загубија од Луксембург

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 13, 2021
📁 Кошарка

Женската младинска селекција на Македонија беше блиску, но победата ја однесе Луксембург. Македонските девојки беа рамноправен противник, во најголем дел од премиерниот меч на „Челенџерот“ во Скопје, но на крајот мораше да се помират со неуспешниот старт.

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ  55:79

Во грч го почнаа првиот меч на турнирот нашите млади кошаркари. Имаа проблеми со организацијата на нападите. Тешко постигнуваа поени. По пет минути дадовме само четири, противникот, Луксембург – 11.поени.

Делумно помогна „раниот“ тајм-аут на селекторот Димитријевиќ. До истекот на првата четвртина намаливме на (10:15).

Нашата серија на поени продолжи со почетокот на вториот период, кога за две минути стигнавме до егал-резултат (15:15). А во следниот напад, преминавме и во водство (16:15). Скоро шест минути го оставивме противникот без реализација. По тројката на Секуловска, водевме и со (19:17).

Играта на „мал број на поени“ траеше до истекот на полувремето. И двете селекции собраа голем број на грешки. Луксембург имаше помалку, играше и поагресивно во одбраната, поведе со (25:22). Но одговоривме на агресијата, дојдовме до ново израмнување (27:27) на влезот на последната минута од првото полувреме.

Но, дополнителен проблем претставуваа четирите лични грешки на стартерите, Тасевска и Николиќ. Со серија од (7-2) Луксембург обезбеди солидни (34:29) на одморот.

Гостинките имаа и плус од 10.поени (45:35), по 26.минути од играта. Но со серија од осум поени (две тројки на Митревска), се доближивме на (43:45).

Но уште еднаш не стигнавме до пресврт. По три четвртини Луксембург водеше со (51:43). А на почетокот на последниот дел одново и со десет поени (53:43). Иако до крајот останаа да се играат цели осум минути, напите млади кошаркарки не успеаја уште еднаш да се „вратат во мечот“. 

Тијана Митрева реализираше 16.поени, но имаше и десет загубени топки. Двоен број на поени во нашата селекција имаа и Тасевска односно Секуловска – двете по десет.  

Претходно, во првиот натпревар од турнирот во Скопје, селекцијата на Словачка славеше убедлива победа против Косово од (71:38).

На вториот ден од „Челенџерот“, утре, од 17.часот, ќе се сретнат селекциите на Луксембург и Словачка, додека во вечерниот термин, од 21. часот, нашата женска младинска селекција игра против составот на Романија.

ShareTweet
Претходна вест

Емил Рајковиќ нов тренер на рускиот тим Автодор Саратов

Следна вест

Бојан Крстевски: Нема да биде лесно но имаме квалитет

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно
Кошарка

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Фев/2023
КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите
Кошарка

КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва
Кошарка

Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години
Кошарка

Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Фев/2023
Следна вест

Бојан Крстевски: Нема да биде лесно но имаме квалитет

Последно

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.