Елиф Елмас и Наполи го освоија Купот на Италија откако по резултат 0:0 во регуларниот дел, го добија Јувентус на пенали со 4:2. Елмас влезе во 87-ма минута, а во судиското продолжение можеше да стане херој на Наполи. Легендарниот Џиџи Буфон одлично му го одбрани ударот на Елмас по што топката се одби од него па удри во статива.