Кошаркарите на Хувентуд назавршниот турнир од „Ендеса“ лигата кој се игра во Валенсија на најдобрите 12. екипи во Шпанија во првиот натпревар беа поразени од Барселона со 92:96.
Нашиот Ненад Димитриевиќ беше дел од првата петорка на Хувентуд, и за повеќе од 12. минути во игра постигна 10 поени.
Морган беше најефикасен кај Хувентуд со 21 поен, додека најдобри стрелци во таборот на Барселона беа Миротиќ со 14 и Клавер со 12 поени.



