Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе официјална одлука по скандалот што го предизвика грчкиот тим АЕК Атина, кој одби да се појави на реванш натпреварот против РК Алкалоид во Скопје, дел од финалето на Европскиот Куп.
Според соопштението на ЕХФ, АЕК со своето однесување ги прекршил правилата и регулативите на федерацијата, поради што натпреварот е регистриран со службен резултат 10-0 во корист на македонскиот претставник. Со ова РК Алкалоид и со победата од првиот меч (29-25), стана нов шампион на Европскиот Куп за сезоната 2024/25.
Ова е историски успех за Алкалоид и голема победа за македонскиот ракомет.




