ГРК Охрид го официјализираше своето ново засилување – шпанскиот дефанзивец Ориол Реј Моралес, кој потпиша двегодишен договор со клубот.
31-годишниот Реј доаѓа по одлична сезона со Гранолерс во шпанската Асобал лига и Европската лига, а во кариерата има настапувано и за Барселона, како и за францускиот тим Пау Аикс. Има богато репрезентативно искуство во младите селекции на Шпанија, како и настапи за сениорскиот тим на пријателски натпревари.
Со неговото пристигнување, ГРК Охрид значително ја зајакнува својата одбранбена линија за сезоната 2024/2025.




