Во рамките на 26. коло од италијанската Серија Б се соочија две екипи од горниот дел на табелата – Фросиноне и Монца.
Ривалите пружија исклучително интересен меч, кој накрај заврши со реми од 2-2.
Во 17. минута, Пјетро Јемело го отвори резултатот, донесувајќи им почетна предност на домаќините.
Само минута и пол подоцна, Монца израмни преку првиот овосезонски погодок на Габриел Палета, а до крајот на полувремето, Кристијан Гиткјаер (43′) направи целосен пресврт.
Изедначувачкиот гол за Фросиноне падна на самиот почеток на вториот дел, откако Алесандро Салви (47′) ја затресе мрежата на Микеле Ди Грегорио со полуволеј.
Во продолжение следуваа неколку добри прилики и на двете страни како и по еден сомнително недосуден пенал и за дцете екипи.
На табелата, Фросиноне ги претекна Пиза и Порденоне за заземање на деветтото место, додека Монца ја држи третата позиција. Моментално и двата тимови имаат натпревар повеќе во однос на повеќето конкуренти.
📸 monzacalcio.com