Во рамките на 26. коло од кошаркарската Евролига се соочија двете турски екипи – Фенербахче и Анадолу Ефес.
Ефес покажа неверојатна игра и после долго време потсети на партиите од минатите две сезони, со денешниот триумф од убедливи 74-106.
Номиналните гости водеа во текот на цел натпревар, а двоцифрената предност ја држеа во константност уште од втората четвртина.
Најзаслужен за победата на тимот на Ергин Атаман беше Василије Мициќ, кој постави рекорд на кариерата од 37 поени и имаше 6/6 шутеви за три поени.
Од противничкиот состав, најмногу се истакнаа Нандо Де Коло и Јан Весели со 24, односно со 18 поени.
За Фенербахче (15-11), ова беше прв пораз во Евролигата после десетте врзани триумфи за заземање на шестото место.
Од друга страна, Ефес (15-10) се наоѓа на осмото место со натпревар помалку во однос на денешниот ривал.
📸 Twitter: Anadolu Efes SK