Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојниот квалификациски турнир. Сениорската женска репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за обезбедување на бараж натпревар за Светското Првенство кое ќе се одржи во период од 01 – 19 декември во Шпанија.
Натпреварите ќе се одиграат во период од 19-21.03.2021 година.
19.03.2021 Македонија – Исланд
20.03.2021 Македонија – Литванија
21.03.2021 Македонија – Грција.