Четвртата локација од Светскиот куп во сноуборд во паралелната дисциплина беше одржан во австрискиот Бад Гаштајн.
По трите воведни паралелни велеслаломи, денес следуваше првиот овосезонски паралелен слалом.
На него, Русите дојдоа до двојна победа, откако Софија Надиршина славеше во женска, а Дмитри Логинов во машка конкуренција.
Во финалето, Надиршина дојде до втората победа во низа, откако беше подобра од Германката Гер Шејен Лох, која не ја заврши трката на прописен начин. Во малото финале, Зелина Јерг ја совлада Јули Цог (+0,14).
Кај мажите, светскиот шампион од 2019, во финалето, го порази Италијанецот Арон Марч (+0,24). Во дуелот за третото место, Андреас Промегер го порази Игор Слуев (+0,06).
📸 Clive Rose/Getty Images