Модена, по четврти пат во низа, успеа да триумфира на Пијаченца, откако денес, на гостински терен, триумфираше со убедливи 0-3.
Пијаченца се бореше лавовски во првиот сет, кој Модена го доби со 33-35, за во продолжение да следува тотален распад и лесни пленови за гостите (15-25, 22-25).
Двајца противници, со по 14 поени, го поделија признанието за најефикасен одбојкар на мечот – Даниеле Лавија (Модена) и Арон Расел (Пијаченца).
Освен Лавија, Модена имаше уште тројца двоцифрени поентери – Лука Ветори (12), Немања Петриќ (10) и Даниеле Мацоне (10).
Од целата ситуација, најмногу профитираше Монца, којашто и понатаму останува на петтото место. Од друга страна, Пијаченца ја држи шестата, а Модена – седмата позиција.
📸 Modena Volley