Втор викенд по ред, мотоциклистите од Мото 3 се натпреваруваа на патеката во Арагон, но овој пат за големата награда на Теруел.
Сè до последниот круг, водечкиот во вкупниот поредок, Алберт Арењас, во најголема мера беше првопласиран на денешната трка.
Сепак, во последниот круг, Шпанецот падна на четвртата позиција, откако во завршницата го претекнаа тројца конкуренти.
До втората победа во низа стигна Шпанецот Хауме Масија, кој минатиот викенд стана 100. победник за ,,Хонда” во историјата, а денес им ја донесе и јубилејната 800. победа во сите категории.
До второто место дојде неговиот клупски колега, Ајуму Сасаки, кој го освои својот прв подиум во кариерата.
Подиумот го комплетираше неговиот сонародник, Каито Тоба, а освен нив тројца и Арењас, поени освоија уште: Виети, МекФи, Онџу, Биндер, Огура, Арболино, Лопез, Фернандез, Салач, Родриго и Алкоба.