Со учество на 15 екипи во конкуренција на јуниори и 6 екипи во конкуренција на јуниорки, со повеќе од 70 играчи, вчера започна јуниорската лига во пинг понг. Пинг понгарската федерација натпреварите на екипите ги подели на два региони кои се натпреваруваа во различи временски термини со цел да се запазат сите препораки за борба против пандемијата од корона вирусот. Натпреварите според препораките се играа без публика
Ова натпреварување во ваков формат за прв пат се организира во Македонија. Во првиот круг на 24 ќе се одиграат квалификациските натпревари, додека на 1 Ноември се финалните натпревари. Јуниорската лига ќе се одржи и во пролетната полусезона од тековната натпреварувачка сезона.
Во следната сезона најдобрите осум екипи според пласманот од двете натпреварување во тековната сезона ќе ја формираат републичката јуниорска лига. Целта на јуниорската лига е поголема популаризација на пинг понгот кај младите, и низ системот на натпревари подобрување на квалитетот на пинг понгот за репрезентативците да бидат конкурентни на меѓудржавните натпреварувања.