
На машката индивидуална трка во скелетон, Германија и Кина се радуваа на првите олимписки медали во оваа категорија.
Имено, со олимписко злато се закити водечкиот после третата серија, односно актуелниот светски првак – Кристофер Гротеер (4:01,01).
Второто место му припадна на неговиот сонародник, Аксел Јунгк (+0,66), кој е актуелен вицешампион на Светскиот куп.
Од друга страна, со напредок од една позиција во однос на третиот спуст, до историската бронза за Кина дојде Венганг Јан (+0,76).
Во иста секунда со водечкото трио санкаше уште Русинот Александер Третијаков (+0,98), а пласманот во првите петмина го дополни Женг Јин (+1,12).
Новиот шампион на Светскиот куп и главниот фаворит за медал, Летонецот Мартинш Дукурс (+1,75), заврши на седмата позиција.




