ЖРК Чаир не запира со засилувања – потпиша Теодора Дукоска!
Раководството на клубот донесе нова Македонска Репрезентативка во своите редови и со овој трансфер најавува решавање на десната крилна позиција.
Довчерашната членка на Ѓорче Петров, Теодора Дукоска, која игра на позиција десно крило и која може да одигра и како десен бек, во новата сезона ќе го носи дресот на Чаир.
Дукоска во сезона 2021/22 исто така настапуваше за Чаир и забележа настапи и на европска сцена.