Почитувани претсавници на медиумите,
Ни претставува задоволство да ве инфромираме дека Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија, го креираа Инклузивниот Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост, во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All), поддржан од Европската Унија.
Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практицираат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи.
Во овој прирачник ќе може да се прочитаат инфромации како џудото може да се направи да биде одличен инклузивен спорт, кои бенефити ги носи овој спорт за лицата со интелектуална попреченост, но и ќе служи како алатка за адаптирани џудо техники и игри, кои сите се снимени и во видео формат.
Линк до прирачникот: https://judo4all.net/toolkit/
Би ни било драго доколку оваа инфромација може да се сподели во рамки на спортските вести на вашиот медиуми.