
Олимписката патека во Сочи, Русија, беше домаќин на последните две трки од Светскиот куп во санкање во машки дубл.
И на двете изданија, одлично се покажаа домаќините Андреј Богданов и Јуриј Прохоров, кои запишаа едно второ и едно прво место.
На денешната трка, Русите триумфираа за првпат во кариерата, поставувајќи најдобро време во првата и во втората серија, кое накрај изнесуваше 1:39,351.
Германскиот двоец, Тони Егерт и Саша Бенекен (+0,134), го освои второто место, а првопласираните во генералниот поредок, браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,179), дојдоа до третиот подиум во низа.
Напредок од седмата до четвртата позиција во однос на првото санкање направија Италијанците Емануел Ридер и Симон Каинцвалднер (+0,220), а дуото Тобијас Вендл/Тобијас Арлт (+0,326) го комплетираше пласманот во топ 5.