Во периодот 3 до 5 декември во Истанбул, Турција, Европската џудо унија го организира 73 ЕЏУ конгрес. Џудо федерцијата на Македонија на Конгрес ја претставуваат претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски.
Секоја национална федерација, членка на ЕЏУ, може да биде претставена на Конгресот со два делегати, кои мора да бидат членови на Извршниот комитет/одбор на Националната федерација и од иста националност како и Националната федерација. И двајцата имаат право да зборуваат, но само еден од нив ќе има право на глас, бидејќи секоја Национална федерација – членка ќе има единствен глас. – стои во објавата на Нова Македонија.



