Поранешниот италијански прволигаш и член на второлигашкото друштво во минатата сезона, Кјево Верона, од 21 август официјално беше ликвидиран.
Имено, овој клуб бил основан во 1929 година, а во 21. век, со исклучок на две сезони, беше редовен член на Серија А.
Во 2019/20, Кјево заврши на осмото место во Серија Б и беше елиминиран во плејофот од страна на повратникот во елитата – Венеција.
По крајот на првенството, ,,Жолтите” останаа без сопственик и со огромни долгови и неисплатени плати зад себе поради КОВИД-19, а неуспешното враќање во Серија А дополнително ја отежна целата ситуација.
Долгогодишниот капитен на клубот, Серџо Пелисиер, покрена кампања за привлекување на нови инвеститори што би овозможило Кјево да продолжи со натпреварување од Серија Д, но истата не се одвиваше во посакуваниот правец.
Од италијанската федерација, ,,Летачките магариња” добија рок до 21 август 2021 за пронаоѓање на нов сопственик, но Пелисиер и останатите одговорни лица не успеаја да пронајдат решение што накрај резултираше со целосна ликвидација на овој тим.
Местото на Кјево во Серија Б го зазеде најдобрата екипа од ,,црвената” зона, Козенца, која неочекувано доби нова шанса за борба во втората лига.