Шаховскиот клуб Алкалоид е победник на Екипниот Шампионат на Македонија за 2021 година! Екипното првенство се одржа во хотел Дрим во Струга, а се играше по Бергеров систем (секој со секого). На турнирот учествуваа 8 екипи. По 7 одиграни кола екипата на ШК Алкалоид освои 13 од можни 14 бодови, единствено ремизирајќи со второранигираната екипа на ШК Гостивар. Второто и третото место го поделија ШК Гостивар и ШК Гамбит Асеко СЕЕ со по 11 освоени бодови. За ШК Алкалоид настапија тројца странски играчи ВМ Дмитри Андреикин од Русија, ВМ Јуриј Криворучко од Украина, ВМ Александар Инќиќ од Србија и дел од најсилните македонски играчи ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев, ИМ Тони Лазов, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Влатко Богдановски и ВМ Роландо Кутиров. За ШК Алкаоид оваа е 9та последователна титула и вкупно 23та од осамостојувањето на Македонија.



