Имам голема одговорност затоа што наследувам одлична екипа. За мене ова ќе биде сатисфакција и шанса за докажување. Можеби ќе ја предводам најмладата екипа во шампионатот, која има просек 19 години. Сакам да напоменам дека од 23 ракометари кои што се во ростерот, дури 16 се битолчани. Наидов на млада екипа која што сака да се докажува, која што сака да тренира, да работа и е желна за победи. Целите се исти и оваа сезона – тоа е пласман вo плеј-офот.-изјави тренерот Михаил Петровски