Во рамките на ракометната Бундеслига се одигра ново коло во кое што Лајпциг дојде до победа над Хановер со резултат од 29:26 на полувреме беше 15:15. По минатиот голем триумф над Рајн Некар Левен, сега Хановер запиша пораз, но македонскиот репрезентативен бек Филип Кузмановски беше на ниво и постигна 4 гола.



