Капитенот на нашата сениорска репрезентација, Војдан Стојановски одигра за својот тим Гравелин Данкерк контролен натпревар против Ле Портел поради забраната за официјални спортски настани на територијата на Франција и има прекин во ЛНБ лигата.
Војдан Стојановски на терен помина 17 минути во кој што имаше максимален ефект од 7 поени без промашување, плус придодаде две асистенции и еден скок.