Македонија вечерва на стадионот „Ренцо Барбера“во Палермо со почеток од 20:45 часот го игра полуфиналниот плејоф натпревар против Италија за пласман на Светското првенство во Катар. Победникот од овој дуел во финалето на 29 март ќе игра против Португалија или Турција.
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вели дека Македонија има квалитет, а тоа го потврдуваат досегашните резултати и тоа што се изборивме да дојдеме до ова ниво.
За целата репрезентација ова е веројатно најважниот натпревар. Се подготвуваме добро, целосно сме фокусирани на мечот. Имаме квалитет, не е лесно да се стигне до ова ниво и да се избориш за ваков натпревар. Треба да излеземе на терен и да се покажеме во најдобро светло. Во италијанскиот состав сите фудбалери се квалитетни, било кој и да игра, ние треба да бидеме максимално сконцентрирани во текот на мечот доколку сакаме да дојдеме до победа.