Во рамките на ракометната Бундеслига, се одигра ново коло во кое што Лемго на домашен терен оствари тешка и минимална победа над Вецлар со резултат од 28:27 на полувреме беше 15:14.
Вецлар долго време го бркаше резултатот и кон средината на вториот дел успеа да ја преземе контролата, а со тоа и водството, сепак во самиот финиш среќата беше на страната на домаќините и Лемго запиша минимална победа. Нашиот искусен интернационалец, Филип Миркуловски се запиша еднаш во листата на стрелци за Вецлар.



