Дарко Димитриевски и неговиот Синфин загубија во шпанската Асобал лигата на гостувањето кај Бенидорм со 32:25. Македонскиот интернационалец Димитриевски одигра уште еден одличен натпревар во два правци одбрана-напад, а притоа и постигна 5 погодоци со кои беше најефикасен за Синфин.
Eкипата на Синфин се наоѓа на 13. позиција на табелата.