Џејкоб Вајли и неговата екипа Касадемонт Сарагоса ќе играат во полуфиналето на ФИБА Лигата на Шампионите откако го совладаа Нижњи Новгород со 86:78.
Нашиот репрезентативец Џејкоб Вајли, заедно со Дилан Енис и Елиас Херис се творците на големата победа. Македонскиот репрезентативец како стартер, одигра 26:26 минути во кои реализираше 15. Поени, со 70% на реализација во шутот од поле (7/10 за два и 1/2 за еден поен). Силното крило дополни со осум скока (три офанзивни, а имаше и по една асистенција, освоена односно загубена топка.За индекс 21, втор во екипата од Сарагоса.



