Претставниците на Џими Флојд Хаселбенк, Бартон Албион, се вратија на терен после три недели и го крунисаа сето тоа со неочекуваниот денешен триумф над Хал Сити од 1-0.
Единствен стрелец за „Пиварите“ беше Џони Смит (90′), кој дебитираше во жолтиот дрес.
За Хал, ова е тежок „удар“, земајќи го предвид фактот дека големи се шансите да паднат во плејоф-зоната, поради заостанатите натпревари на најблиските конкуренти – Донкастер, Питерборо и Портсмут.
Од друга страна, Бартон и покрај триумфот, останува на последното место.
📸 Twitter: Burton Albion FC