Во Шпанија се играше 15.коло во „Ендеса“ лигата, коло кое го донесе и каталонското дерби и дуелот помеѓу екипите на Барселона и Хувентуд. А по 40.минути игра во „Блауграна“, победата ја однесоа кошаркарите на Барселона.
Победата им припадна на кошаркарите на Баселона со триумф од 88:74. Во победничкиот тим најмногу поени имаа Ханга со 18 и Ник Калатес со 10 поени, додека во тимот на Хувентуд Бадалона Аростеги имаше 13 поени, по 11 поени имаа Рибас и Морган, а репрезентативниот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 10 поени и еден остварен скок.