И во четврттиот одигран натпревар, кошаркарите на Пелистер стигнаа до триумф, веројатно и полесно од очекувањата го поминаа гостувањето во Струга. Пелистерци со стотка ја однесоа победата од Струга против тимот на КК Црн Дрим Грин Мобил со резултат од 70:102.
Во победничкиот битолски табор двоцифрени завршија на овој меч Кесар со 26 поени како најефикасен, потоа неговиот учинок го следеа, Малешевиќ со 20, Трајковски со 13 и Стајиќ зад своето има запиша 10 поени. Во тимот на Црн Дрим Грин Мобил најмногу се истакна Клусен со 16 поени, а солиден учинок имаа уште Атанасов со 15, Скекиќ со 14 и Жоао Марсело со 10 поени.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО
Црн Дрим Грин мобиле – Пелистер 70:102
Академија ФМП – ТФТ 87:75
Гостивар – Вардар 91:53.