На денешната велосипедска програма беше 75. издание на еднодневната трка Нокере Коерсе.
Истата се вози во белгиската област Фландрија, со почеток во градот Деинзе, а со финиш во Нокере.
После извозените 195 километри, најбрз беше Белгиецот Лудовик Робеет (4:36:44), кој дојде до првата еднодневна победа во кариерата.
Зад него, со задоцнување од три секунди, се пласираше Французинот Дамиен Годен, а како третопласиран заврши Лука Моцато (+0:05), кој беше предводник на пелотонот.
📸 Luc Claessen/Getty Images



