Андре де Грас, кој беше вечно засенет од Јусеин Болт и од Џастин Гетлин, конечно дојде до првото олимписко злато.
Имено, Канаѓанецот постави нов личен и национален рекорд од 19,62 секунди на 200 метри, кој му ја донесе титулата.
На второто место се пласираше Кенет Беднарек со нов најдобар личен резултат од 19,68 секунди.
Со бронза се закити актуелниот светски шампион, Ноа Лајлс (19,74), кој истрча најдобро лично време во 2021.
На четвртото место заврши 17-годишниот Еријон Најтон (19,93), а со нов рекорд на Либерија, петтото место го освои Џозеф Фанбулех (19,98).
Во продолжение, финалето го комплетираа Арон Браун (20,20), Рашид Дваер (20,21) и Џерим Ричардс (20,39).