Женскиот фудбалски клуб Црвена Звезда од Белград потпиша со 12 годишната Меланија Грозданова од Скопје која е голема надеж на женскиот фудбал во Македонија.
Таа тренира во клубот ФК-Кул од Кисела Вода, а е дел и од репрезентацијата на Македонија до 15 години. Пред некое време на камп во Златибор во Србија со своите игри ги заинтересира челните луѓе на клубот од Белград и како што самата напиша на инстаграм “Чест i привилегија e да бидеш под око на Црвена Звезда”



