Македонската легенда Стевче Алушовски во следната сезона ќе го води второлигашот Тор Акурејри во Исланд.
Алушовски со Вардар лани ја освои двојната круна дома, играше осминафинале во Лигата на шампионите и обезбеди четвртфинале во СЕХА лигата што беше силна препорака на тимот од Исланд да го ангажира нашиот стручњак.



