Црвена звезда остана непоразена на гостувањето кај Брага и како првопласирана оди во осминафиналето од Лига Европа, Динамо Загреб со 0-1 победи кај Вест Хем и го задржа второто место.
Црвена звезда oдигра нерешено на гостувањето кај Брага 1-1, а и двата гола беа постигнати од пенал.
Динамо Загреб со прекрасен гол на Оршиќ го победи Вест Хем во Лондон со 0-1. Ристовски ги одигра сите 90 минути, додека Адеми настапи до 71. минута.