Дебитантот во прваталига Феникс 2010 ја прекина серијата од осум победи по ред на МЗТ Скопје Аеродром, по дополнителни пет минути за на крајот да триумфира со 90:83.

Низата на МЗТ Скопје Аеродром ја прекинаа кошаркарите на Феникс 2010. Иако мораа да одиграат и продолжение од пет минути за да се добие конечниот победник, не оотклекнаа под притисоците на „металците“. Затоа се наградени со голема победа, петта за нив в десет одиграни мечеви во друштвото на најдобрите.
Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 90:83
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО
Пелистер – Гостивар 101:76
Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 90:83
САБОТА:
17.30: Кожув – Ангели
Сала „26.април“ – Гевгелија
18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
НЕДЕЛА:
18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Перо Наков“ – Куманово
19.00: Навико Академија ФМП – ТФТ
Сала „Независна Македонија“ – Скопје