Црногорскиот репрезентативец Жарко Пејовиќ е нов член на Тинекс Пролет, откако одличниот бек денеска го стави потписот на договорот со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Пејовиќ е искусен ракометар кој има богата интернационална кариера, а има настапувано и во македонскиот шампионат, во дресот на Вардар. Тој на почетокот од кариерата беше дел од Црвена Звезда, една година мина и во дресот на Спортинг Лисабон.
Црногорскиот бек настапуваше и за францускиот прволигаш Данкерк, неколку сезони мина во Татран Прешов, а го носеше и дресот на Горење Велење во словенечкиот шампионат.
Тој ја мина ланската сезона во израелското првенство како член на Хапоел Ашдод, а иако имаше понуда да се врати во оваа земја, Пејовиќ на крајот реши да се врати назад во Македонија и да го облече дресот на Тинекс Пролет.
Фото: http://www.rkprolet.mk/