Вчера, во гратчето Армах, Северна Ирска, беше одиграно финалето на регионот Алстер во галски фудбал.
Во него, силите ги одмерија тогашните актуелни шампиони, Донегал и аутсајдерите Каван.
На патот до финалето, Каван беше подобар од Ентрим (13-9) и од Даун (17-16), додека Донегал ги елиминира Тироун (16-14) и Армах (25-13).
Во финалето, Донегал беше апсолутен фаворит, но накрај загуби со (0.12) 12-16 (1.13), иако водеше на полувремето со (0.9) 9-7 (0.7).
Каван, кој пред неполн месец беше релегиран во третата дивизија на Алијанц Лиг, на овој начин ја освои првата регионална титула во Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип после 1997 година.
Како најдобар и најефикасен играч на мечот беше Конор Маден од победничкиот состав, кој постигна еден гол и два поени.
Кај Донегал, најефикасен беше капитенот Патрик МекБрерти, со четири поени.
Во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, Каван ќе се соочи со шампионот на регионот Леинстер и актуелниот шесткратен шампион на Ирска, Даблин, кој со неверојатни (3.21) 30-9 (0.9) го порази Мит во регионалното финале.
Во второто полуфинале ќе играат шампионите на Манстер, Типерари и шампионите на Конахт, Мејо.