Филип Чурлевски и Игор Трајковски во финскиот шампионат за тимот на Сјундеа Иф во рамките на осмото коло присуствуваа на крајно неизвесен и возбудлив меч. Гостинскиот тим на Грифк ја имаше контролата на резултатот и врз играта, но со фуриозен финиш сепак Иф дојде до значајна победа од 26:23.
Репрезентативниот бек Филип Чурлевски беше играчот на одлука и постигна 9 гола со што на крајот на натпреварот беше прогласен за МВП (најкорисен играч на мечот). Вториот интернационалец Игор Трајковски беше стрелец на само еден гол, но тој одлично си ја вршеше својата работа во дефанзивата на тимот.