
Јени Кизилтепе го запиша четвртиот пораз во низа, откако денес загуби со 2-3 од екипата на Чизре Беледијеспор после маратонски дуел од 2 часа и 45 минути.
Гостите, иако важеа за благи аутсајдери, двапати доаѓаа до предност во сетови, а после голема борба успеаја да се вратат дома со два бода.
Во непарните сетови, составот на Нури Шахин победи со 23-25, со 18-25 и со 11-15 за да дојде до вториот последователен триумф.
Од друга страна, домаќините ги освоија втората и четвртата партија со 25-22 и со 25-19 за освојување на еден бод.
Накрај и во двете екипи имаше по четири различни одбојкари со двоцифрен број на постигнати поени.
Кај Јени, ваков учинок имаа Марко Бојиќ (12), Ибрахим Емет (14), Абрахан Алфонсо (17) и Филип Михал (22).
Од противничкиот табор, најефикасни играчи беа Озкан Хајирли (11), Светослав Иванов (13), Османи Уриарте (14) и Серхат Чоскун (23).
На табелата, Чизре скокна на седмата позиција, додека Кизилтепе остана на деветтото место.