Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат португалскиот тим Спортинг од Лисабон во дуел од ЕХФ Европската лига. Дуелот помеѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг ќе започне во вечерниот термин од 20:45 часот.
Еден од најдобрите ракометари во тимот кубанецот Реиние Табоада во пресрет на мечот го изјави следното:
По првиот натпревар, на кој не бевме склопени и беше почеток на сезоната, сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци. Напорно и детално се подготвуваме за овој втор натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола.Кога дојдов ми требаше адаптација на новата средина, тука е и бариерата со јазикот. Сега е полесно. По првите два месеци на прилагодување, сега сите детали се одлични. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се чувствувам одлично и едвај ги чекам европските натпревари.