Среда од 16 часот во салата “Нико Нестор” тимот на Струга го пречекува тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Ова ќе биде дуел на два тимови кои имаат желба да стигнат до плејофот во Суперлигата оваа сезона, па победата ќе биде императив на двете страни.
Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е од големо значење за двете екипи. Се работи за противник кој игра брз и квалитетен ракомет со многу голови и многу трчање против кого е тешко да се игра. Ние имавме проблеми со повреди во изминатите натпревари, но во среда сите кои ќе бидеме на теренот ќе дадеме максимум да стигнеме до победа.
Ги повикувам сите љубители на ракометот во Струга и навивачката група “Паткари” да дојдат и да ни дадат поддршка. Ние ќе возвратиме со голема борбеност и ќе се трудиме да ги израдуваме со победа на крајот. – изјави Златко Мојсоски капитенот на РК Струга