Екипата на Чарлтон Атлетик прими гол после десет часа и триесет и две минути игра!
Успешната низа на клубот од Лондон се протегаше низ цели шест лигашки дуели, каде што избори победи над Виган (1-0), над Блекпул (0-1), над Нортемптон (0-2), над Оксфорд Јунајтед (2-0) и над Портсмут (0-2), како и реми против Сандерленд (0-0).
Имено, пред денешниот дуел со Флитвуд, Атлетик примија гол од Брајтон У21 во ЕФЛ Трофи на 30 септември во триесеттата минута, кога Џорџ Лепсли ја затресе својата мрежа.
На денешниот меч, Чарлтон успеа да триумфира по шести пат во низа и тоа со резултат од 3-2.
,,Црвените” поведоа со 2-0 преку Бен Парингтон (4′) и Конор Вашингтон (31′), а Флитвуд експресно израмни, благодарение на двата гола на Чед Еванс (33′ и 34′).
Во вториот дел, падна само еден погодок, а стрелец на истиот, по вторпат на денешната средба, беше Вашингтон, кој погоди од пенал (50′).
Со новите три поени, Чарлтон скокна на третото место, израмнувајќи се со второпласираниот Ипсвич, додека Флитвуд ја зазема десеттата позиција.



