Македонскиот ракометен интернационалец Никола Костески ја започна новата сезона за новиот клуб на одличен начин.
Тој во првото коло од чешкиот шампионат за неговиот нов клуб Талент Плзен (вицешампион на Чешка) постигна 6 голови од 6 обиди во гостинската победа над Ловци Ловосице 32:38. Заедно со Милан Шкварил кој постигна 7 погодоци беа предводници во победата. Ловосице е инаку актуелниот клуб на легендарниот Павел Хорак кој неколку години има настапувано и за великанот Кил.




