
Денес, официјално, челниците на Формула 1 го објавија календарот за наредната сезона во најбрзиот тркачки циклус.
Имено, во 2022, љубителите на мотоспортот ќе имаат можност да проследат вкупно 23 трки што ќе претставува нов апсолутен рекорд.
На програмата, после примораното отсуство, ќе се вратат трките во Австралија, во Канада, во Сингапур и во Јапонија.
Освен тоа, ќе биде воведена и нова патека, која ќе биде спремна да го угости петтото гран-при во сезоната – Мајами.
Тркачките викенди се планирани да започнат од 18 март во Бахреин и ќе завршат на 20 ноември во Абу Даби.




