Двете десеттопласирани екипи во КХЛ, Амур Хабаровск на Истокот и Сочи на Западот, се соочија во првиот денешен дуел.
Истиот заврши со 2-3 во корист на Сочи, кој успеа да слави после целосен пресврт.
Во првата третина, Денис Голубев двапати ја затресе мрежата на Максим Третијак, додека во продолжение, хокеарите на Сочи, Сергеј Шмелјов, Никита Точицки и Павел Кукштел, погодија по еднаш во секоја третина за комплетирање на пресвртот. За последниот стрелец, ова беше првиот погодок во КХЛ во својата кариера.
Во последните тринаесет средби, Сочи има само три победи, додека Амур, во истиот распон, успеа да триумфира шест пати.