четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Бристол Роверс декласирани од Акрингтон

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 2, 2021
📁 Спорт, Фудбал

Заостанатиот натпревар од осмото коло од англиската Лиг 1 помеѓу Акрингтон Стенли и Бристол Роверс беше одигран денес на ,,Краун Граунд”.

Домаќините, кои воедно важеа за фаворити, славеа со убедливи 6-1. За нив, ова беше прва домашна победа над Бристол Роверс после 30 јануари 2016, кога триумфираа со 1-0.

Имено, уште на полувремето Акрингтон имаше убедливо водство од 4-1, стекнато со двата голови на Дион Чарлс (12′, 17′) и со по еден гол на Џоу Причард (8′) и на Колби Бишоп (28′).

Во меѓувреме, Роверс успеаја да покажат ,,заби” само на стартот, кога Сем Николсон (11′) израмни на 1-1.

Во вториот дел, Бишоп (48′) погоди по вторпат на мечот, а Чарлс (70′) го постави конечниот резултат. За Северноирецот, ова беше прв хет-трик во црвениот дрес и воедно петти погодок на последните три средби.

Петтиот пораз на последните шест натпревари ги спушти Роверс до дваесеттото место на табелата, односно на само гол-разлика од ,,црвената” зона.

Од друга страна, Акрингтон е без пораз на три меча во низа и се наоѓа на прагот на плејоф-зоната.

📸 Twitter: Accrington Stanley FC

Tags: Акрингтон СтенлианглијаБристол РоверсЛиг 1Фудбал
ShareTweet
Претходна вест

Падна лидерот на табелата: Алтринчам го совлада Торки

Следна вест

(Фото на денот) Македонските Барби и Кен – Калтрина и Стефан

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Вардар го совлада Тиквеш и е на чекор до Ф4
Ракомет

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)
Останато

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција
Спорт

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани
Останато

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
Следна вест
(Фото на денот) Македонските Барби и Кен – Калтрина и Стефан

(Фото на денот) Македонските Барби и Кен - Калтрина и Стефан

Последно

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.