Прославениот фудбалер Дејвид Бекам е сопственик на МЛС тимот Интер Мајами. Неговиот клуб е во резултатска криза и е на 11 место од 14 клуба во лигата. Пред извесен период Бекам ангажира супер засилуавње и тоа во името на Блез Матуиди од Јувентус.
Освен него во тимот ќе бидат ангажирани и Гонзало Игуаин како слободен играч од Јувентус и неговиот постар брат Федерико Игуаин кој исто така е напаѓач кој настапува во МЛС и доаѓа од тимот на ДЦ Јунајтед.
Федерико веќе осум сезони игра во најдобрата американска фудбалска лига. Двајцата браќа во ист тим играа во периодот помеѓу 2005 и 2007 година во Ривер Плејт но ретко кога беа заедно на терен бидејќи двајцата се голгетери и еден од нив мораше да биде на клупа. Сега повторно при крај на нивните кариери ќе заиграат заедно во ист тим и тоа во Интер Мајами.



