Откако ги завршија клупските обврски, браќата Ѓорѓиеви му се приклучија на македонскиот репрезентативен одбојкарски табор којшто се подготвува за јануарските квалификации за Европското првенство во 2021 година.
Пристуството на коректорот и капитен Никола Ѓорѓиев, како и на техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, ќе им овозможи на селекторот Матијашевиќ и на неговиот асистент Николиќ да одржуваат посилни и покомплетни тренинзи во пресрет на турнирот во Скопје од 11-ти до 16-ти јануари, кога во конкуренција на Турција и на Босна и Херцеговина, македонските одбојкари ќе се обидат вторпат да се пласираат на континенталените самити.
Македонија ќе ја тестира формата на два пријателски натпревари во Скопје против подмладениот состав на Бугарија. По Нова година е планирано да пристигне техничарот Филип Деспотовски, кој се уште има клупски ангажман во Грција.
Извор и фото:Одбојкарска федерација на Македонија