
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, од денес официјално се пресели во редовите на шкотскиот клуб Абердин.
Миовски, во изминатите две сезони ги бранеше боите на МТК од Будимпешта, а со ,,Црвените” од Шкотска потпиша договор на четири години.
Во сениорската кариера, во периодот од 2017 до 2020, напаѓачот ги бранеше боите на матичниот клуб Брегалница, на Работнички, на Македонија Ѓорче Петров и на Ренова.
,,Го следевме Бојан неколку месеци и се боревме со квалитетна конкуренција за да го осигураме неговиот потпис.” – рече тренерот на Абердин – Џим Гудвин.
За Миовски, ова е одличен роденденски подарок со оглед на фактот дека Македонецот утре ќе наполни 23 години.




